Еден од долготрајните штосови во анимираната серија за возрасни “Rick and Morty” е желбата на Jerry Smith, таткото на протагнистот Morty Smith, да работи во светот на адвертајзингот.
Оваа приказна започна уште во четвртата епизода на првата сезона од серијата, кога Џери развива огласувачка кампања за продажба на јаболка. Во меѓувреме, Џери Смит одржува и свој профил на LinkedIn, каде споделува информации за својот професионален развој во светот на адвертајзингот. Тој исто така има и сопствен веб-сајт со портфолио.
Сето тоа внимателно било следено од агенцијата DDB FTW, релативно млад отсек на агенциската мрежа DDB насочен кон гејминг индустријата. Деновиве, агенцијата објави дека го „вработила“ ликот Џери Смит како „креативен директор“.
„За да продуцираме неочекувани дела, потребен ни е неочекуван талент. Дозволете ни да го претставиме нашиот нов креативен директор Џери Смит, кој се приклучи на нашиот глобален тим денес“ – напишаа од DDB FTW во соопштениетот за новото „вработување“.
Во суштина, се работи за одлична можност за промоција на агенцијата, која со овој едноставен подвиг го привлече вниманието на светскта огласувачки јавност, како и на фановите на популарната серија “Rick and Morty”.
Во продолжение погледнете како Џери сака да продава јаболка :)