(21.08.2020) – “Никогаш не е доцна и ништо не е погрешно, ако го работиш со љубов“ – вака почнува приказната на Лилјана Варадиновска и нејзината маркетинг агенција и продукција Маркетинг Микс, која е прва и единствена од ваков вид во Источна Македонија.
Пред точно 10 години во копродукција со локална телевизија ја почнува емисијата „Влези и вози“, за денес, во своја продукција да ги има „55 минути“, „На шанк“, „Од кое село е баба ти“, „ВИП на еден ден“…Овие емисии се емитуваат на национални телевизии и покрај забавен, имаат и хуман карактер и го оплеменуваат животот на оние кои немале среќа како повеќето од нас.
Во изминативе 10 години, агенцијата стана препознатлива и по едукативните проекти, кои ги работи со неколку докажани компании од земјава. „Мој леб“, „Зелен караван“, „Изворска, извор на креативноста“ се само неколку успешни приказни…
Оваа женска компанија не се плаши од конкуренцијата, туку се води од принципот на наградување на квалитетот и упорноста кај жените. Затоа, неколку години по ред, го организира настанот „Најуспешна жена претприемач“, со кој жените ги става на пиедесталот на општественото живеење.
Маркетинг микс не е само маркетинг агенција, тоа е компанија во која соработката со секој клиент е на највисоко ниво, а производот се препознава по врвниот квалитет и креативноста вложена во него.
Честит јубилеј и уште поголеми успеси во наредните 10 години!