Home » Во фокусот » Агенцијата Пиксел прослави 5 години постоење!

Агенцијата Пиксел прослави 5 години постоење!

Да, иако звучи како првоаприлска шега, на 1-ви април, Компанијата за дигитален маркетинг и информатичка технологија  „Пиксел” прослави 5 години од своето постоење. Од скромните почетоци во 2013-та, па се до моменталниот успех на развој со повеќе од 30-тина активни клиенти и речиси 20 вработени, „Пиксел” може да се пофали со импресивно портфолио на услуги кое го гради бавно и професионално. По тој повод разговаравме со менаџменот на компанијата да видиме кои се нивните согледувања на се’ она што се случуваше во последните неколку години на пазарот во Македонија, како и нивните искуства и очекувања.

„За мене преставуваше огромен предизвик во услови на заситен пазар со голема и квалитетна конкуренција во областа на маркетингот и веб развојот во Македонија, да се креира и позиционира нов бренд кој со тек на време ќе прерасне  во лидер во овие индустрии, но по 5 години можам да кажам дека направивме сериозно поместување и успеавме да стигнеме до одредено ниво на препознатливост и квалитет” – изјави Димитар Јовевски, професор на Економскиот факултет – Скопје, и консултант за бизнис развој и маркетинг во „Пиксел”.

„Пиксел на почетокот имаше за цел да спои професионалци од различни сфери во една компанија која ја делеа истата страст кон изработката на веб решенија и сакаше да стане компанија која ќе се бори да ги едуцира домашните компании за важноста на социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг со сите свои предности. Пет години подоцна, сметаме дека не само што успеавме во нашите замисли, туку и дека создадовме голем тим на млади професионалци кои ќе го продолжат нашиот сон и ќе продолжат да иновираат во иднина,” – истакна Владимир Ристевски, маркетинг директор на „Пиксел”.

„Кога почна приказната наречена „Пиксел” пред речиси 5 години, дури и да немав очекувања или идеја како сето ова ќе се развива, каде ќе се придвижи, како ќе се оформи, но сега, гледајќи наназад можам да кажам дека сум среќен до каде стигнавме и што се постигнавме во овие 5 години. Изградивме силно име на пазарот, го одржавме нашиот интегритет во однос на комуникацијата и односот со клиентите, а притоа продолживме да се развиваме во тек со сите модерни стандарди на работење. Сакам да се заблагодарам на сите оние кои на било кој начин, придонеле и биле дел од оваа приказна, бидејќи сите се заслужни на свој начин за она што е „Пиксел” денеска, – заокружи Филип Ристевски, генерален директор на Пиксел.

Во големиот број на компании кои ги користат маркетинг и веб услугите на „Пиксел” се вбројуваат и Млекара АД Битола, Охридска банка Сосиете Женерал, Жито Маркети, Синеплекс, ДелЦо, Тренд, Аутомотивe Груп, Екипа, Академик, како и многу други компании со кои имаат соработувано во минатото и со кои неодамна започнале соработка.

Од компанијата изјавуваат дека по повод петгодишнината, и во духот на социјалните медиуми, решиле да направат интересно промо видео и еден несекојдневен фото албум во кој го претставуваат тимот кој работи во „Пиксел” на забавен начин.

Секако, по повод јубилејот почната е и акција со која „Пиксел” ќе награди еден бизнис со бесплатна анализа на нивните профили и страници на социјалните мрежи, како и детална анализа на нивната веб страница.

Доколку и вие сакате анализа за вашата компанија сѐ што треба да направите е да ги оставите вашите контакт информации во формуларот на следниов линк, а тимот на „Пиксел” на 10.04.2018, на нивната фејсбук страница по случаен избор ќе избере еден добитник за целосна бесплатна дигитална анализа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365