Home » Во фокусот » Ако не можеш да ги победиш, придужи им се: На 5 по ред New Europe Market дознајте во чии раце е иднината на FTA каналите

Ако не можеш да ги победиш, придужи им се: На 5 по ред New Europe Market дознајте во чии раце е иднината на FTA каналите

Петта година по ред Дубровник нема да остане запаметен само по најдобрите туристички доживувања или филмски сетови, туку на четири денови ќе стане центар за најдобрите дебати за иднината и развојот на телевизијата. New Europe Market е медиски настан на кој присуствуваат најголемите експерти од полето на телевизијата и медиумите, а во панел дискусиите за преживувањето на FTA каналите меѓу се` поголемата конкуренција, ќе зборува еден од најистакнатите панелисти на овогодинешниот NEM и извршен директор на групацијата Antenna International, Pete Smith.

Преживување или рамноправно соучество 

Кога во минатото се зборуваше за иднината на телевизијата, предвивувањата за линеарната телевизија немаа оптимистички призвук. Во новата ера на телевизијата во кои се присутни не само Pay TV каналите, туку и претплатничките сервиси како што се Netflix, Pickbox и Hulu, FTA каналите уште не се толку заборавени како што се мислеше дека ќе биде. Наспроти тоа што од година во година се намалува технолошката бариера помеѓу старите и новите играчи во ТВ индустријата, останува да виси прашањето дали може технолошките иновации на пазарот да им помогнат на традиционалните линеарни ТВ канали да ги задржат своите гледачи. Традиционалната телевизија, иако се соочува со многу предизвици, засилена е со новите технологии, но дали е потребно таквата телевизија да постане достапна и на барање за да ги задржи своите гледачи? До која мера FTA каналите мора да се прилагодат на пазарот за да останат релевантни? Може ли содржината да биде судбоносен фактор кој ги надминува платформите и кој ги врзува гледачите за себе?

Еден од најистакнатите учесници на NEM 2017 ќе биде Pete Smith, поранешен претседател на NBC Universal Internationala кој на NBC му осигура раст од 44% во текот на три години и е заслужен за раст на бројот на каналите од 12 на 70, како и за Pay-TV вреден 500 милиони долари. За три години осигура раст од 5 на 100 милиони долари. Pete сега е директор на Antenna International и ја води европската мрежа на Antennа. Организацијата се фокусира на брз медиски раст во Источна Европа и вложување во програмски и дигитални компании.

Pete Smith беше панелист на NEM изминатите години, а за оваа конференција која ја посетуваат како експерти од регионот, така и од целиот свет, има само пофални зборови: „NEM е најдобра регионална конференција во Источна Европа. Квалитетот на панелите и говорниците е висок. Забележете го датумот во својот распоред“.

Медиумите се менуваат од ден во ден, новите играчи на пазарот го бараат својот дел од колачот, додека старите настојуваат да се прилагодат на новитетите на пазарот и ја задржат релевантноста. Промените во светот на медиумите можете да ги проследите на овогодинешниот New Europe Market кој ќе се одржи во Дубровник од 12 до 15 јуни. Овогодинешното издание на NEM е петто по ред, а говорници на панел дискусиите како и секоја година ќе бидат реномирани експерти од светот на медиумите со децениско практично искуство.

Покрај панелите, сите гости на NEM ги очекува и неформални дружења, разменување на идеи бизнис договори. Ако и малку се сомневате во тоа, сетете се дека продуцентите на серијата Novine на NEM 2016 на израелската компанија Keshet им ги продадоа дистрибуциските права на серијата, така што NEM беше почеток на една убава и успешна приказна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365