Популарниот британски актер Идрис Елба основаше нова адвертајзинг агенција која ќе го носи името SillyFace, а чија цел ќе биде да „испорачува автентични кампањи со културна вредност“.
Негов бизнис партнер и соосновач е Марк Бојан, инаку основач на независната маркетинг групација Miroma Group.
Агенцијата планира да здружува креативци од различни културни средини, искуства и перспективи за да развие и диструбуира содржини во долга и кратка форма за различни брендови.
„На дневна основа, работам заедно со светските брендови кои се борат да го сфатат пресекот помеѓу модерните културни трендови, идентитетот на брендот и неговата база на потрошувачи. Тоа создава страв и го попречува креативното раскажување приказни. SillyFace е создадена за да се приклони кон културата и новите глобални трендови, нудејќи забавна средина каде ќе бидете креативни наместо да се плашите. Идрис и јас двајцата потекнуваме од недоволно застапени средини и го гледаме светот малку поинаку. Наша цел е да го пренесеме нашето размислување до брендовите за да им дадеме глас на луѓето и да споделуваме приказни што резонираат со потрошувачите, додека го чуваме брендот безбеден од критики“ – истакнува соосновачот, Марк Бојан.
Новата агенција на Елба и Бојан ќе работи со три канцеларии во Лондон, Њујорк и Лос Анџелес, како дел од Miroma Group.