Home » Во фокусот » Активисти на Brandalism го превзедоа адвертајзинг просторот низ Париз за време на самитот за климатски промени

Активисти на Brandalism го превзедоа адвертајзинг просторот низ Париз за време на самитот за климатски промени

Brandalism, анти-адвертајзинг движењето, инсталираше повеќе од 600 лажни реклами низ улиците на Париз, критикувајќи го корпоративното спонзорство на самитот за климатски промени на Обединетите Нации.

Неовластените реклами се појавија за време на викендот. Brandalism превзеде одговорност за нив преку соопштение на својот веб-сајт.

Brandalism ads1

Во соопштението, Brandalism призна дека ги направи лажните реклами откако француската Влада ги забрани сите јавни собири после терористичките напади на 13 ноември.

Рекламите биле поставени на рекламни простори во сопственост на JCDecaux. Видни спонзори на настанот се компании како Air France, GDF Suez-Engie и Dow Chemicals. Лидери на држави се исто така исмеани, како Франсоа Оланд,Барак Обама и Дејвид Камерон.

Лажните реклами се создадени од над 80 артисти од 19 земји, според Brandalism. Делата ги нагласуваат “врските помеѓу адвертајзингот, консумеризмот, зависноста од фосилните горива и климатските промени.”

Со спонзорирањето на разговорите за климатските промени, големите загадувачи како Air France и GDF-Suez-Engie се промовираат себе си како дел од решението, кога всушност тие се дел од проблемот. Ние ги превземаме нивните рекламни простори бидејќи сакаме да се спротивставиме на улогата која ја игра адвертајзингот во промовирањето на неодржливиот консумеризам”, истакна Џо Елан од Brandalism.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365