Катарската медиумска мрежа Ал Џезира соопшти дека е договорено партнерство со американската медиумска агенција Блумберг, со цел проширување на нивната понуда на глобални бизнис вести
Според условите на договорот, уредниците на Ал Џезира ќе бидат во можност да го избираат бизнис и финансиски вести од Блумберг Њуз и да ги објавуваат на дигиталните страници на Ал Џезира на англиски јазик.
Содржината на Блумберг ќе биде дополнета со веќе широкиот спектар на бизнис теми на Ал Џезира, многу важни области за медиската мрежа од Доха.
Според постојниот договор, содржините на Ал Џезира, исто така, ќе им бидат достапни на претплатниците на Блумберг Терминал, еден од водечките светски извор на бизнис и финансиски вести, податоци и анализи.
“Економијата поврзува сè. Таа е неразделна сила зад светските настани. Како таков, нашиот проширен фокус на бизнис и економски теми лесно се вклопува во нашата мисија да обезбеди сеопфатно, непристрасно известување врз основа на фактите за настаните кои влијаат на милиони животи во нашиот регион, но исто така и во целиот свет”, изјави извршниот директор за дигитални медиуми во Ал Џезеира, др. Јасер Бишр.
Асошиетед прес и Блумберг во октомври најавија партнерство во продажбата во Европа, Блискиот Исток, во Африка и во Азија, со цел проширување на базата на своите медиски клиенти.