Home » Digital » Алатка на Washington Post која автоматски ги проверува твитовите на Trump

Алатка на Washington Post која автоматски ги проверува твитовите на Trump

‘’The Washington Post’’ е еден од водечките издавачи кои медиумски ги покриваа новостите околу претседателските избори оваа година, со ‘’агресивно’’ споделување на новости за избраниот претседателски кандидат  Donald Trump. Овој издавач не застанува тука и покрај завршетокот на изборите.

The Washington Post  штотуку претстави  нова алатка корисна за следбеницитете на социјални медиуми – се работи за автоматизирана алатка за проверка на фактите во твитовите на Trump.

Извор: creativity-online.com

Кога  “Real Donald Context” екстензијата, се инсталира на Google Chrome, таа има за цел да им помогне на корисниците при проверката на објавите на  Trump откако корисниците ќе кликнат врз нив.

‘’Апликацијата сеуште е во своите почетни фази, но нашата цел е да обезбедиме дополнителен контекст за твитовите на Trump’’ пишува новинарот на Washington Post – Philip Bump. Погорната фотографија на пример, прикажува што ќе се случи доколку ја прегледате една од последните реакции на Trumр за новостите околу Руските напади.

‘’Алатката  ги поканува корисниците да се приклучат кон нејзиното користење со цел нејзино подобрување. Станува збор за  работа во прогрес па затоа не двоумете се да го испратите својот фидбек и мислење за истата. Не двоумете се исто и да посочите кои твитови на Trump  потребно е подробно да се објаснат. Тоа сепак е целта пред сè.

Извор: http://creativity-online.com/

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365