Добродушниот дедо и неговите девет ирваси добија резервирано паркинг место на покривот од еден локален маркет на Aldi во англискиот град Манчестер.
Означеното „паркинг место“ е долго 11 метри, широко 6 метри и обоено во жолта и бела боја со цел Дедо Мраз да може лесно да го забележи од високо, дури и во темнината на ноќта во најнапорниот период од година (барем за него).
„Иако нашиот среден коридор [во маркетот] е познат по изненадувањата, ова откритие на покривот беше специјално направено за посетата на Дедо Мраз, со цел да им донесе задоволство на нашите купувачи во текот на празничната сезона“ – изјави Џули Ешфилд, управен директор за купување во Aldi за Обединетото Кралство.