M365: Што е она што ќе Ви остане во сеќавање од 2018 година а е поврзано со работата на Вашата агенција?
– Немам ништо невообичаено да споменам, изгледа со текот на годините поминати во агенција се навикнува човек на секакви ситуации од типот на добивање клиент или да си оди oд агенцијата, доаѓање на нов колега или разделба со некој. Сето станува составен дел на работата, а со тоа се ставаме сите на едно преиспитување и самокритика што и како понатаму? Оттука произлегуваат сите свежи моменти и остануваат во трајно сеќавање, но верувајте могу се. Не можам да издвојам само еден :)
M365: Како ја оценувате работата на домашните креативни агенции? Кои кампањи од конкурентските агенции ви оставија позитивен впечаток?
Со оглед на тоа што во оваа индустрија сум од 1995 година, и имам работено во повеќе агенции, како големи, така и помали, можам слободно да кажам дека од професионален аспект речиси сите држат до некое светско ниво, но за жал само на услужни дејности, од креативен аспект на сите им се врзани рацете од немањето храброст на клиентите да настапат со похрабри креативни решенија со кои би биле побрзо издвоени од нивната конкуренција. За жал довербата од страна на клиентите сеуште не е стекната потполно.
Од кампањи на конкурентите не би можел да издвојам ниту една која ми оставила впечаток. Пак ќе повторам, нема храбри кампањи со одредена доза на ризик или хумор или не знам некоја друга приказна зад брендовите со кои би се диференцирале од останатите. Се` е некако на приземно ниво на комуникација, со “тренди” типографија која се користи кај повеќе брендови истовремено, слогани кои слично звучат и се употребуваат исто така неконтролирано и непроверено. Изгледа со текот на времето повеќе барам условно речено “грешки” во кампањите кај конкуренцијата, отколку навистина да ме “здрма” нешто навистина квалитетно.
M365:Кои светски кампањи од 2018 година го привлекоа Вашето внимание?
https://cdn.bbdo.com/media/577d5531f1e61d390d8824b3/v_577d557786798.mp4
M365: Кои се Вашите желби за нашата креативна индустрија во годината што претстои….што би им порачале на Вашите колеги?
Најпрво да им ја честитам новата 2019 година на сите колеги од маркетинг индустријата, им посакувам на сите успех во кариерата и фестивалски награди.