Деветчленото меѓународно жири на најрелевантното регионално натпреварување за медиски стратегии Семплер (Sempler) кое се оддржува во склоп на конференцијата SEMPL е сочинето од истакнати експерти од регионот кои доаѓаат од агенции и огласувачи.
Дарко Иванчевиќ, глобален потпретседател за брендот “Старопрамен” на пиварницата Молсон Коорс, е назначен за претседател на меѓународното жири кое ќе ги оцени најдобрите медиумски стратегии во регионот за оваа година.
Во жирито кое го сочинуваат вкупно 9 члена, претставници од агенции и огласувачи, покрај Иванчевиќ ќе бидат и нашата Александра Дилевска, главен извршен директор на Publicis One Македонија и Оперативен директор на Publicis One Adriatic , Марија Матиќ, медиски директор во српската агенција Direct Media, Дамјан Планинч, директор и основач на дигиталната медиска агенција “Get Interactive“, Викторија Радојевиќ, извршен директор на маркетинг и развој во компанијата Меркатор, Хрвоје Реин, директор на маркетинг на L’Oreal Србија, Жарко Сакан, директор на маркетинг агенцијата New Moment, Тамара Слапар, директор во агенцијата Medialog и Даниел Вуковиќ, главен креативен директор во агенцијата Меккен Загреб.
Во оценувањето на пријавените медиски стратегии, жирито ќе ги земе предвид петте основни критериуми:
- идејата за медиумска кампања,
- соодветно таргетирање и разбирање на потрошувачот,
- споредба помеѓу поставените целите и постигнатите резултати,
- иновации во потрагата по (нови) канали за комуникација,
- степенот на активирање и мотивација на целната група преку медиската стратегија и имплементација.
Апликациите за натпреварот Семплер се отворени од 1 септември 2017 година.
На 19-тата медиска конференција SEMPL оваа година се воведени и две нови категории, па така жирито за прв пат ќе ја награди и најдобрата ПР стратегија и најдобриот технолошки пристап.
Конференцијата SEMPL се оддржува на 23 и 24 ноември 2017 во Порторож, Словенија.