Home » Во фокусот » Александра Дилевска дел од меѓународното жири на Семплер

Александра Дилевска дел од меѓународното жири на Семплер

Деветчленото меѓународно жири на најрелевантното регионално натпреварување за медиски стратегии Семплер (Sempler) кое се оддржува во склоп на конференцијата SEMPL е сочинето од истакнати експерти од регионот кои доаѓаат од агенции и огласувачи.

Дарко Иванчевиќ, глобален потпретседател за брендот “Старопрамен” на пиварницата Молсон Коорс, е назначен за претседател на меѓународното жири кое ќе ги оцени најдобрите медиумски стратегии во регионот за оваа година.

Во жирито кое го сочинуваат вкупно 9 члена, претставници од агенции и огласувачи, покрај Иванчевиќ ќе бидат и нашата Александра Дилевска, главен извршен директор на Publicis One Македонија и Оперативен директор на Publicis One Adriatic , Марија Матиќ, медиски директор во српската агенција Direct Media, Дамјан Планинч, директор и основач на дигиталната медиска агенција “Get Interactive“, Викторија Радојевиќ, извршен директор на маркетинг и развој во компанијата Меркатор, Хрвоје Реин, директор на маркетинг на L’Oreal Србија, Жарко Сакан, директор на маркетинг агенцијата New Moment, Тамара Слапар, директор во агенцијата Medialog и Даниел Вуковиќ, главен креативен директор во агенцијата Меккен Загреб.

Во оценувањето на пријавените медиски стратегии, жирито ќе ги земе предвид петте основни критериуми:

  • идејата за медиумска кампања,
  • соодветно таргетирање и разбирање на потрошувачот,
  • споредба помеѓу поставените целите и постигнатите резултати,
  • иновации во потрагата по (нови) канали за комуникација,
  • степенот на активирање и мотивација на целната група преку медиската стратегија и имплементација.

Апликациите за натпреварот Семплер се отворени од 1 септември 2017 година.

На 19-тата медиска конференција SEMPL оваа година се воведени и две нови категории, па така жирито за прв пат ќе ја награди и најдобрата ПР стратегија и најдобриот технолошки пристап.

Конференцијата SEMPL се оддржува на 23 и 24 ноември 2017 во Порторож, Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365