Home » Во фокусот » Александра Дилевска и Коста Петров дел од 11-тото Бизнис Кафе

Александра Дилевска и Коста Петров дел од 11-тото Бизнис Кафе

Новото, 11-то по ред Бизнис кафе Македонија, кое ќе се одржи на 02.07. 2015 година од 18:30 часот во “Хотел Русија“ уште еднаш ни носи ексклузивни гости кои со посетителите ќе ги споделат своите најважни моменти во нивните досегашни кариери, најголемите предизвици со кои се соочиле и нивниот поглед за тоа што е вистинската формула за успех во бизнисот.

bussiness caffe logo

Посетителите овојпат ќе имаат можност да ги чујат и да се запознаат со:

– Александра Дилевска извршната директорка и ко-основач на Пубицис Груп Македонија, една од водечките маркетинг агенции во државава. МБА во маркетинг-менаџмент со повеќе од 20 годишно искуство во бизинс развој, маркетинг и комуникациски стратегии, водење и развивање на креативен тален. Витез од редот на уметноста на Р. Франција.

Коста Петров, основач и извршен директор на Пи Ворлд, глобална креативна агенција со канцеларии во Скопје, Прага и Баку и присуство во над 30 земји од светот. Компанијата ги организира најголемите светски бизнис настани за маркетинг, човечки ресурси и односи со јавноста, а како свои клиенти покрај другите ги има и Владата на Азербејџан и холивудската звезда Мила Јововиќ. Коста е автор на три македонски бестселери (“Се гледаме на врвот“, “Стравот“ и “Нашето последно кафе“), прогласен за еден од 30-те највлијателни луѓе во светската индустрија за организирање на настани и прв македонски блогер за Huffington post.

Хајан Селмани, извршен директор на Хаселт, компанија за развој на софтвер и ИТ консултански услуги, Microsoft MVP, млад претприемач препознатлив како технолошки експерт и стратегиски консултант на млади старт-ап компании.

Дружењето на настанот обично трае 2-3 часа во кои првиот час е резервиран за гостите кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учеството на “Бизнис Кафе“ е одлична прилика за нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери како и можност за освојување на интересни награди кои организаторот ги доделува на секој настан.

Цената на влезницата изнесува 300 денари и може да се купи online преку следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365