Home » Во фокусот » Ал Џезеира слави 20 години работа

Ал Џезеира слави 20 години работа

Ал Џезеира, телевизиската мрежа со седиште во Катар, која засекогаш ги промени медиумите на Блискиот Исток, одбележува 20 годишнина.

aljazeera1

На први ноември 1996 година, Ал Џезеира, сателитскиот канал на арапски јазик, го лансира од Доха првиот сигнал.

Од тогаш се прошири на неколку медиски платформи, вклучувајќи и интернет и ТВ канали на разни јазици.

Како еден од првите арапски news-канали, набрзо стана најгледана ТВ станица на Блискиот Исток и северна Африка. Со континуирано известување за конфликтите и дијалошки емисии без цензура, беше без конкуренција во регионот каде владите силно ги контролираат медиумите.

Ексклузивните приказни на ТВ каналот од Авганистан, Ирак и афричките држави ја утврдија репутацијата на оваа медиска куќа во светот.

Храброст и посветеност

Šeik Hamad bin Thamer al-Thani, претседателот на управниот одбор на медиската мрежа Ал Џезеира, изјави дека Ал Џезеира “ја рефлектирала надежта на народот, ги открила нивните болки и ги искажала нивните амбиции“.

Веќе 20 години Ал Џезеира стои со народот од целиот свет и го брани нивното право на знаење и слобода за истражување“, истакна тој.

Mostefa Souag, вршител на должност генерален директор на Ал Џезеира, наведе дека оваа медиска мрежа е “гласот на оние кои го немаат”.

“Како што влегува во третата деценија на работење, Ал Џезеира ја продолжува работата како водечка медиска организација со бројни канали на различни јазици, привлекуваќи го вниманието на милиони лојални гледачи кои веруваат во нејзиниот кредибилитет и цената на нејзината храброст и посветеноста на нив”, додава тој.

Но, патувањето на Ал Џезеира не било лесно. Новинарите гинеа покривајќи ги приказните од воените зони во Ирак, Сирија и Либија, уредите на оваа медиска куќа биле бомбандирани и затворени во неколку држави.

Овие удари не ја нарушија Ал Џезеира во известувањето за настаните ширум светот.

Ал Џезеира во 2010 година била една од првите ТВ канали кои ги покриваа масовните протести ширум Тунис, кои потоа доведоа до револуција во арапскиот свет.

Арапската пролет стана најдобар пример за растечкото влијание на Ал Џезеира.

“Al Jazeera Arabic ја промени медиската слика на Блискиот Исток и северна Африка, што е арапски свет воопшто, а потоа ја прошири мрежата и верувам дека ја менува сликата на медиумите во светот”, вели Souag.

Но, критичкото известување на Ал Џезеира за востанијата во Тунис, Либија, Египет, Јемен и Сирија налути многу влади.

Пет години Al Jazeerа Balkans

Новинарите на оваа медиска куќа се затварани во Египет, додека други ги напуштаа државите после заканите за смрт.

Charlie Beckett, професор по новинарство на Лондонската школа за економија, истакнува дека и негативни работи за Ал Џезеира го зајакнаа нејзиното влијание.

“Се јавуваа некои силни реакции за нивната работа. Сметани се за пристрасни, и секако, многу реакционерни режими кои се вратиле после `арапската пролет` сакале да бидат сигурни дека дека имаат уште посилна контрола над медиумите“ , наведува тој.

Додека Ал Џезеира ја слави 20 годишнината, арапскиот свет многу малку наликува на онај од времето кога почнала со работа.

Воедно, на 11 ноември и Ал Џезеира Балканс ќе одбележи пет годишнина од работата.

Освен централното студио во Сараево, каналот има и регионални центри во Загреб, Белград, Скопје и Подгорица, дописници во Приштина, Ниш, Бања Лука, како и во Вашингтон, Лондон и Брисел, а ја користи и глобалната мрежа на дописништво Al Jazeera Media Network.

Ал Џезеира Балканс, добитник на наградата на Eutelsat, People’s Choice во категоријата “News kanala” за 2015 година, повторно е номинирана за истата награда.

Ја освои наградата на Eutelsat, People’s Choice во категоријата “News kanala” за 2015 година,а документарецот “Патници” се најде меѓу финалистите во категоријата “Најдобра програмска содржина”.

Извор: Ал Џезеира Балканс

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365