Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбициии, доколку имате визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас.
А Л К А Л О И Д А Д – С К О П Ј Е
го објавува следното слободно работно место:
1. ОЕ Корпоративни служби – Оддел за маркетинг-комуникации
1.1.Графички дизајнер – 1 (еден)
Потребни квалификации и вештини
- Задолжително е работно искуство од минимум 2 години на позиција графички дизајнер.
- ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Факултет за ликовни уметности.
- Познавање на програмите за графички дизајн – Adobe: Photoshop, InDesign, Illustrator, Acrobat Professional.
- Познавање на процесот на печатење.
- Одлично познавање англиски јазик.
- Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини.
- Креативност и иницијативност за самостојно истражување.
- Максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови.
- Поседување возачка дозвола од Б-категорија.
Цел и одговорност на работното место
- Графички дизајн и подготовка на маркетинг-материјали за печат (постери, брошури, носачи на рекламни пораки, летоци,налепници, маици, светлечки реклами, брендирање возила, мaркети и сл.).
- Идеи за дизајнот на новата амбалажа на производите (кутии, етикети, фолии, кеси и сл.).
- Дизајн и подготовка за печат на објави во весници и на списанија.
- Дизајн на визуелни решенија за маркетинг-кампањи и за продажни промоции.
- Применување на новитетите во насока на подобрување на печатените и на визуелните комуникации на дефинираните цели.
- Интерна ефективна комуникација во компанијата за дефинирање на целите и на основните елементи од финалниот дизајн.
- Комуникација со маркетинг-агенции и со печатници, со цел обезбедување квалитетна подготовка за печатење согласно со зададените стандарди.
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15;30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 26,000.00 МКД до 42,000.00 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.
Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, сопственото портфолио, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:
со назнака: „За оглас – Графички дизајнер“.
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.