Помалку од 3 недели нé делат до најновото издание на конференцијата AllWeb, која својата 10-годишнина ќе ја одбележи на 29 и 30 септември во Маврово.
Листата на говорници е подготвена, а наскоро целата ќе биде достапна на веб-адресата allweb.mk. Програмата е дефинирана и се состои од 4 различни сегменти. На конференцијата ќе се обработуваат теми како дигитален маркетинг, креативност, деловна стратегија, корисничко искуство, веб3 технологија и развој на метаверзумот.
Она што преостанува е да си обезбедите влезница и да се подготвите за новото #allweb искуство.
Доколку сакате да заштедите, не заборавајте дека early bird понудата е достапна уште само денес. Побрзајте на официјалниот веб-сајт и обезбедете го Вашето место на AllWeb конференцијата.
Се гледаме во Маврово!