(РЕГИОН) – Алмир Окановиќ е назначен за нов главен креативен директор на маркетинг агенцијата BBDO Загреб.
Именувањето на Окановиќ доаѓа после низата на успешни кампањи и признанија кои BBDO ги освои во последните две години: на глобалните натпреварувања освоени се проектите за кампањите за прендот Старопрамен (2015) и за Хрватската туристичка заедница (2014 и 2015), на регионалните тендери проектите за кампања за Beck’s (2014. и 2015.) а на најпрестижното хрватско натпреварување “Денови на комуникацијата“ наградата IdejaX во категоријата пијалоци (2014) и Гранд При (2011).
Алмир е задолжен и за креативното водење на исклучително успешните кампањи за Ожујско пиво, како што се кампањите за СП во фудбал и кампањата “Хрватски нагласци“.
Својот потпис и печат го има и за кампањите за другите клиенти на BBDO како што се Подравка, Дукат, Стопанска Банка Загреб, Интеса Сан паоло Кард, Американ Експрес, ИНА, итн..
Алмир има десетгодишно искуство во маркетинг комуникациите. Својата кариера ја започнал во агенцијата Grey Worldwide а од 2006 година работи во BBDO каде од 2010 до 2015 ја извршуваше функцијата креативен директор.