Home » Во фокусот » Alphabet ги објави резултатите од последниот квартал: Високи трошоци и ниски цени за огласување

Alphabet ги објави резултатите од последниот квартал: Високи трошоци и ниски цени за огласување

Alphabet, матичната компанија на Google, во претходниот квартал оствари приходи од 39,3 милијарди долари, 22% повеќе од претходната година, а иако се зголеми и добивката, цената на нејзините акции значително падна

Според извештајот на компанијата објавен во понеделникот, нето-добивката на овај технолошки гигант во четвртиот квартал од минатата година изнесувал 8,95 милијарди долари, но и трошоците на компанијата се зголемија, со раст на издатоците за 80%.

Приходите од рекламирање се зголемуваат, цените паѓаат

И приходите и профитот на компанијата се зголемени повеќе одколку што очекуваа аналитичарите, што е главно благодарение на растот на приходите од огласувањена Google, кои чини околу 83 проценти од вкупните приходи на компанијата.

Така, во претходниот квартал приходите на Alphabet од рекламирање пораснаа за 20% на годишно ниво, на 32,6 милијарди долари, иако просечната цена на онлајн рекламирање или цената по ‘клик’, во последниот квартал забележа пад од 29% на годишно ниво и 9% на квартално ниво.

Растот на економијата ги охрабрува компаниите да трошат повеќе пари за рекламирање, кои повеќе се оддалечуваат од огласување на традиционалните медиуми и се насочуваат кон онлајн и огласување на социјалните медиуми. Притоа Google доминира, како во мобилното, така и во десктоп пребарувањето, па собира и најмногу приходите од огласување.

Резултатите покажуваат дека Alphabet добро се справува со жестоката конкуренција од Фејсбук на пазарот на мобилно и видео огласување, која силно расте, бидејќи огласувачите се подготвени добро да платат за неколку секунди внимание од целната публика.

Силен пораст на трошоците

Сепак, растат и трошоците на компанијата. Така, трошоците за привлекување на промет- цената што Google им ја плаќа на другите за да биде главен пребарувач на нивните веб-страници– се зголемија за 13%, на 7,44 милијарди долари.

Тоа е причината зошто, меѓу другото, силно се зголемија вкупните трошоци на компанијата, за 26% на годишно ниво на 31,07 милијарди долари. Притоа, капиталните инвестиции скокнаа за 64% на 7,08 милијарди долари.

“Иако примарната дејност на компанијата продолжува да расте импресивно, силниот раст на трошоците не е она на што се надеваа инвеститорите”, вели Џорџ Салмон, аналитичар во компанијата Hargreaves Lansdown.

Резултатите на компанијата предизвикуваат загриженост дека големите инвестиции во нови работни места, зголемените барања на регулаторите и зајакнување на конкурентноста може да доведе до успорување на растот на компанијата.

“Треба да го поздравиме растот на инвестициите. Но, многу од дополнителните инвестиции се насочени во “клауд“ услуги, а не е јасно дали повратот на инвестицијата може да биде доволен”, вели Џејмс Кордвел, аналитичар во компанијата Atlantic Equities.

Покрај тоа, Alphabet, како и многу други технолошки компании, мора се повеќе да инвестираат во заштита на корисниците. Тоа е причината зошто, меѓу другото, бројот на вработени во компанијата во последниот квартал се зголеми за околу 4.000 од вкупно 98.770.

Цената на акциите падна за 3 отсто

Извештајот покажа дека, освен самиот Google кој опфаќа интернет пребарувач и YouTube, и другите оперативни делови од Alphabet, во кои компанијата многу инвестира, како што се хардвер и “клауд“ услуги, белажат раст.

Приходите од оваа деловна единица се зголемија во претходниот квартал на 6,5 милијарди долари, што е за 31% повеќе од претходната година.

Загубата во т.н.”other bets“ деловни единици на Alphabet  изминатиот квартал достигна 1,3 милијарди долари, додека во претходната година изнесуваше 748 милиони долари, што е резултат на големи инвестиции во нови проекти, кои се уште не носат големи приходи.

По објавувањето на резултатите од работењето, цената на акциите на Alphabet падна во продолженото тргување по затворањето на Вол Стрит околу 3 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365