Магазинот Financial Times пренесува дека британските разузнавачки служби склучиле договор со Amazon за користење на cloud-платформата Amazon Web Services.
Според договорот, Amazon ќе складира доверливи разузнавачки податоци преку својот cloud-сервис, а исто така ќе нуди и обработка на тие податоци со помош на вештачка интелигенција.
Корисници на услугите ќе бидат британските разузнавачки агенции GCHQ, MI5 и MI6, како и британското Министерството за Одбрана при одредени „заеднички операции“.
Договорот доаѓа како одговор на тоа што вештачката интелигенција веќе била употребувана од страна на „непријателските држави“, но и на потребата за ефикасност при обработката на сé поголем број податоци.
Податоците складирани со помош на Amazon ќе се чуваат во Обединетото Кралство.