Home » Во фокусот » Амазон планира да отвори 3 000 безготовински продавници

Амазон планира да отвори 3 000 безготовински продавници

Откако на почетокот на годината го отвори првиот безготовински маркет во Сиетл, Амазон, најголемиот онлајн светски трговец, има намера да ја прошири својата понуда.

Истата “шопинг” технологија сега се тестира во големите продавници, а до 2021 година планираат да отворат околу 3000 нови продавници низ САД.

Продавниците на Amazon Go моментално се достапни во Сиетл, Чикаго и Сан Франциско. Тоа се помали продавници, опремени со стотици камери и софтвер за детекција. Функционираат на начин што купувачот кога ќе влезе, мора да биде логиран на својата апликација Амазон, сензорите ќе детектираат кои производи купувачот ги зел од полица и ги изнел од продавницата. Овој производ автоматски ќе биде наплатен, а купувачот не мора да стои во ред на каса, ниту да има пари со себе.

Овој револуционерен систем, сепак, не е без свои мани. Лансирањето на Amazon Go минатата година беше одложено поради тоа што системот бил “блокиран” ако имало повеќе од 20 луѓе во продавницата. Проблеми се појавувале и доколку продавницата имала повисок плафон. Амазон сега ги отстрани овие проблеми и сè е подготвено за тестирање во поголеми простори, пишува WSJ.

Ако купувачите го прифатат овој нов начин на купување, Амазон би можел да ги загрози традиционалните продавници како што се Walmart и CVS. Но, и овие компании ја разгледуваат истата технологија. Walmart, на пример, најави отворање на експериментална безготовинска продавница во Тексас. Таму, купувачот кој планира да купи одреден производ би го скенирал со мобилен телефон, преку нивната апликација и не би зависел од системот за детекција на производот, како што е во случајот на Amazon Go.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365