Како што стигаат најновите информации од маркетинг светот од запад, посебно интересна е шпекулацијата која вели дека Amazon се спрема директно да го предизвика Google и да направи своја сопствена ad платформа.
Новата адвертајзинг платформа за чие име се шпекулира дека ќе биде Amazon Sponsored Links е планирано да започне со сервирање на огласи на крајот од годинава со што на маркетерите ќе им обезбеди досег до речиси 250 милиони активни корисници.
Со овој потег, Амазон директно ги предизвикува Microsoft, Facebook и особено Google кои важат за најсилни играчи на полето на online адвертајзинг платформи
Информацијата први ја пренесоа од Wall Street Journal кои заклучуваат дека “Амазон би можеле да ја искористат огромната база на податоци за своите корисници, да ги анализираат нивните навики за купување и да го предвидат нивното понатамошно однесување“ што секако им дава дополнителни опции на маркетерите кои добиваат insights кои ретко која друга платформа може да им ги понуди.