Дали логоата на политичките кандидати влијаат врз гласачите? Дали новото лого на Трамп ќе му обезбеди втор мандат?
Пополека започнува трката за претстојните американските претседателски избори следната година, а кандидатите веќе ги објавија своите логоа – од класичното темно сино лого на Трамп, до хипстерската варијанта на Берни Сандерс.
Овие графички решенија потсвесно откриваат како кандидатите сакаат да бидат видени во очите на гласачите, но кое од нив е „најдобро“?
Компанијата Crestline Promotional Products спроведе истражување меѓу 1,250 испитаници во САД, барајќи од нив да го изберат нивното омилено кандидатско лого за 2020. Од учесниците беше побарано да ги „тргнат на страна своите чувства“ и да ги оценуваат логоата врз база на нивниот изглед на скала од 1 до 10.
Според резултатите, најдобри се логоата на Берни Сандерс кои се најдоа на првата и третата позиција. Логото на Џо Бајден се најде на втората позиција, додека пак четврто омилено лого е „изгрејсонцето“ на Тулси Габард. Логоата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп кој следната година ќе бара нов мандат се најдоа на петтата и деветтата позиција.
Најлошо лого според испитаниците има Елизабет Ворен, за кое еден нејзин сопартиец од Демократите изјавил дека е „претерано досадно и премногу минималистичко.“
Погледнете го инфографикот со резултатите од спроведеното истражување: