Home » Во фокусот » Американка го тужи Apple поради нешто што во рекламата за новиот iPhone не се гледало

Американка го тужи Apple поради нешто што во рекламата за новиот iPhone не се гледало

Ова е за прв пат промотивните материјали за некои од најновите модели на iPhone да бидат темелно проучени во правна перспектива

Можеби звучи бизарно, но американката Кортни Дејвис, го тужи технолошкиот гигант Apple, бидејќи телефонот iPhone која што го нарачала, дошол со мал засек на врвот на екранот, објави Бизнис Инсајдер. Станува збор за агол на екранот на кој нема пиксели, веројатно подобро познат како the notch.

Apple, всушност, во спорниот засек на моделите iPhone XS и iPhone XS Max ја сместил предната камера, меѓу другите нешта неопходни за системот на препознавање лицата, со кои се отклучува уредот. Меѓутоа, во промовирањето на овие уреди, Apple постојано користеше визуелни слики во кои не се забележува засекот, бидејќи се спојува со црната позадина на фотографиите. Кортни Дејвис смета дека таквото рекламирање било погрешно, што не е во согласност со вистинскиот изглед на уредот, а во таа прилика поднесе тужба до окружниот суд во Северна Калифорнија.

Нејзините адвокати го обвинија Apple дека во маркетинг кампањите за новиот iPhone го скриле засекот и како последица на тоа, ја навеле Кортни Дејвис да помисли дека iPhone XS Max, кој претходно го нарачала, нема да има таков засек на врвот на екранот.

“Фотографиите што ги кријат пикселите кои недостасуваат на екранот на производот се прикажани на веб-страницата на Apple, исто како и во рекламите на трговците кои го нудат овој производ”, се вели во тужбата.

Дополнително, се истакнува дека при наведување на резолуцијата на екранот тие ги заокружиле пикселите и прикажале повеќе отколку што има. За споредба, во текстот на тужбата се наведува дека постариот модел iPhone 8 има подобар екран од новите модели, иако iPhone XS и iPhone XS Max се рекламираат како паметни телефони со одличен квалитет на екранот.

Дејвис и нејзините адвокати заради овој случај бараат поведување на судска постапка и иако не постои гаранција дека тоа ќе се случи, како што пишува Бизнис Инсајдер, оваа тужба е за првпат промотивните материјали за некои од најновите модели на iPhone да бидат темелно проучени во правна перспектива.

Дополнително, кога првите фотографии од овие модели протекоа уште во август, многу технолошки експерти веќе посочија дека црната позадина која се користи го сокрива фамозниот засек кој е невидлив за нив.

Apple сеуште не го коментираше случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365