Ова е прва инвестициja во Групацијата HTEC и како таква е една од најголемите во Европа во изминатата година, потврдувајќи ја глобалната конкурентност на нашиот технолошки сектор и стратегијата за раст на HTEC
HTEC Group (www.htecgroup.com), компанија за високотехнолошки консалтинг, софтверско инженерство и развој на дигитални производи, со српско потекло и глобално присуство која во јуни минатата година отвори технолошко-развоен центар и во Скопје, денеска објави партнерство со американската инвестициска групација Brighton Park Capital (www.brightonparkcap.com), која ќе инвестира 140 милиони долари во глобалниот раст на компанијата.
Договорот меѓу двете компании беше постигнат само еден месец откако HTEC Group го објави купувањето на Momentum Design Lab, студиoто за продуктен дизајн од Силиконската долина.
Малцинската инвестиција на Брајтон Парк од 140 милиони долари во HTEC е најголемиот прв инвестициски циклус во Европа во изминатата година, а се реализира со цел да и овозможи на HTEC да продолжи со ширење на својот капацитет за продуктен дизајн и инженерство преку понатамошни стратешки аквизиции, како и паралелно да инвестира во органски раст со отворање на нови канцеларии во регионот и вработување на најдобриот инженерски кадар.
Како и досега, компанијата ќе продолжи да инвестира во развојот на вработените преку уникатни развојни програми наменети за инженери, дизајнери, менаџери и други експерти, овозможувајќи им преку предизвикувачки проекти во соработка со најдобрите светски компании, кои работат од Србија и други земји во регионот, да ги градат своите кариери.
„Со силна инженерска основа и технолошко-развојни центри низ Југоисточна Европа, со канцеларии за дизајн и консултации во Лондон, Њујорк и Силиконската долина, HTEC го комбинира најдоброто од инженерската експертиза од една страна, со креативноста и иновативноста од друга страна, правејќи нè стратешки важен партнер на нашите клиенти. Ние имаме искуство и капацитет да го изнесеме целосниот процес на дигитална трансформација со концептуализација, дизајн и развој на дигитални производи. Нашиот план е да го поддржиме органскиот раст преку селективни аквизиции со што ќе ги привлечеме најдобрите инженери и дизајнери на дигитални производи, а со тоа да создадеме одлични можности за кариера за нашите луѓе, а од друга страна да обезбедиме најквалитетна услуга и да им дадеме поголема вредност на нашите клиенти. HTEC го гледаме како место каде најдобрите таленти го достигнуваат својот максимален потенцијал“, изјави Александар Чабрило, еден од основачите и извршен директор на HTEC Group.
Од HTEC посочуваат дека оваа инвестиција сведочи за успехот, квалитетот на услугата и вредноста што компанијата им ги носи на своите клиенти, како и за довербата на светските инвеститори во експертизата на нашите лидери и ИТ експерти да го преземат водството на светската технолошка сцена.
„Тимот на Брајтон Парк е импресивен, личната репутација, кредибилитетот во индустријата и претходното искуство е она што првенствено нè мотивираше да влеземе во ова партнерство. Длабокото разбирање на индустријата и претприемачкиот пристап кон инвестирањето ги прават вистински стратешки партнер, кој е многу повеќе од инвеститор. Среќен сум што Марк Џиалга и Кевин Меган ќе ни се придружат во Управниот одбор на компанијата и сигурен сум дека заедно ќе го изградиме HTEC во една од најуспешните технолошки консултантски компании во светот“, додаде Александар Чабрило.
„Комбинирајќи го софистицираното инженерство со најдобрите продуктни иновации и дизајн, HTEC работеше стратешки да се позиционира како глобален лидер во развојот на дигитални производи. Ние сме многу среќни што можеме да поддржиме компанија која обезбедува вакви можности на растечкиот технолошки талент во Европа и се радуваме на можноста со нашата експертиза во индустријата да и помогнеме на компанијата понатаму да се развива и да им ги пружа своите услуги што поголем број водечки светски компании“, рече Марк Џиалга, партнер во Брајтон Парк.
Во моментов, HTEC Group има над 250 отворени позиции и активно вработува над 70 експерти месечно во областите на консалтинг за продукти, дизајн и инжењерство на сите нејзини локации.