Андалузија е несомнено еден од најубавите региони во Шпанија, а со тоа во цела Европа. Но, дали можете да ја издржите сета таа убавина?
Додека светот на маркетингот во моментов е преокупиран и презаситен со кампањи посветени на Божиќните празници и ладните зимски денови, туристичкото биро на Андалузија се одлучи да ги „запали“ љубителите на културата и авантурата со новата кампања „Андалузиска затресканост“ („Andalusian Crush“)
Централниот спот на кампањата претставува колаж од драматични снимки кои ги претставуваат инспиративните пејсажи, древната архитектура, вековните традиции и врвната уметност на Андалузија. Притоа, спотот е проследен со нарација на холивудскиот актер Питер Динклиџ, кој што ги предупредува гледачите за „опасноста“ од посетата на Андалузија.
„Има место во светот толку полно со уметност и култура што е подобро да се избега од него. Таму, можеби ќе бидете заробени од генијалци како Пикасо или Лорка или ќе бидете ранети од моќта на неговите антички традиции. Тоа место е Андалузија. И тоа чувство што го евоцира се нарекува „Андалузиска затресканост“. Ве предупредуваме.“ – истакнуваат од Андалузиското туристички биро.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Ogilvy.