Социјалната мрежа Pinterest ја прошири раководната улога на маркетинг директорката Андреа Малард за да ги додаде надворешните комуникации во нејзиниот работен опис.

Малард ги презема одговорностите за комуникации од поранешната генерална директорка за комуникации, Лемиа Џенкинс, која презема нова функција како прв директор за јавни работи и одржливост на Pinterest.
Како главен директор за маркетинг и комуникации, Малард ќе одговара пред финансискиот директор на Pinterest, Тод Моргенфелд.
Со овој потег, Pinterest ги обединува тимовите за маркетинг и комуникации во едно работно тело со цел да ги усогласи своите комуникациски канали на нови стратешки начини.
Малард се приклучила на Pinterest во ноември 2018 година како прв генерален директор за маркетинг на компанија, играјќи интегрална улога во развојот на компанијата. Во моментот, Pinterest има преку 400 милиони активни корисници на месечно ниво.
Пред Pinterest, Малард работела како генерален маркетинг директор во компаниите Athleta и Omada Health, а својата кариера ја започнала како новинарка во CBC – Canadian Broadcasting Corporation.