Home » Во фокусот » Ангелка Пеева – Лауренчиќ: „Ако работите само за пари, тие никогаш нема да дојдат”

Ангелка Пеева – Лауренчиќ: „Ако работите само за пари, тие никогаш нема да дојдат”

Ангелка Пеева – Лауренчиќ е Генерален директор на „Image PR“, а неодамна беше гостин и на 16-то „Бизнис кафе“ Македонија, каде со присутните сподели дел од своето бизнис искуство, корисни совети и научени лекции…Кога Ангелка започнала да работи односи со јавност, во земјава никој не го работел тоа: „Правило број 1 кога сакате да започнете бизнис е барајте ја потребата, не размислувајте на производот. Секогаш има нешто што некому му треба и го нема на пазарот“.

На оние кои веќе имаат бизнис, Ангелка им порача дека бизнисот е само голема дисциплина, а оние што сакаат да започнат бизнис да бидат храбри и да ја бараат потребата затоа што секогаш ќе има некој што ќе ги купи.

Ако работите само за пари, парите никогаш нема да дојдат. Ако работите од љубов и со желба, парите самите ќе си дојдат“ е нејзиниот совет.

„Image PR“ постои од 2002 година, а и ден денеска има клиенти со кои соработува уште од самиот почеток. Во однос на другите вакви агенции, Ангелка смета дека „Image PR“ има предност во тоа што нуди комуникациски менаџмент, но и искуството и добриот тим.

„Image PR“ брои тим од над 50 луѓе од повеќе области и според Ангелка, вработените играат голема улога во успешноста на една компанија.

Кога станува збор за особините кои треба да ги има еден вработен во нејзина компанија таа вели: „Мора да биде вреден, мора да биде дисциплиниран, мора да го сака тоа што го работи, мора да гине за својот клиент, да верува во целта. Не мора да има многу дипломи, не мора да има многу сертификати, но мора да го сака тоа што го работи“, изјави таа.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365