Забраната за продажба или испорака на пластични производи за една употреба стапи на сила во Англија по шестмесечно доцнење поради пандемијата на корона вирусот
Од вчера во Англија е забранета продажба или испорака на пластични сламки, лажици и стапчиња за уши, со цел да се намали загадувањето предизвикано од употреба на пластични предмети за еднократна употреба. Новиот закон предвидува исклучоци за одредени здравствени состојби и лица со попреченост.
Се проценува дека луѓето во Англија годишно користат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони лажички за мешање и 1,8 милијарди стапчиња за уши.
Еколозите го поздравија влегувањето во сила на одлуката, но исто така повикаа на понатамошни забрани на предмети за еднократна употреба.
Велшката влада исто така соопшти дека размислува за слична мерка.
Голем број национални ланци за ресторани ги отстраниле пластичните сламки од употреба дури и пред да стапи на сила забраната.