Еден месец откако Gillette го објави својот нов контроверзен спот за однесувањето на мажите во ера на движењето #MeToo, друг бренд за бричеви се одлучи да се осврне врз покомплицираната и сензитивна страна на современиот маж.
Во новата црно-бела реклама на англискиот бренд за бричеви Harry’s, режирана од страна на Томас Ралф од продукцијата Caviar, главна ѕвезда е фудбалерот на Тотенхем и англискиот репрезентативен капитен Хери Кејн (чие име соодветствува со брендот). Во рекламата, Кејн стои на рамката од еден гол и ја покажува својата емотивна страна: „Јас не се плашам да водам, јас не се плашам да бидам критикуван, да побарам помош, да им кажам на моите ќерки дека ги сакам. Јас не се плашам да бидам свој и ако тоа ме прави поразличен, ќе го одберам поразличното секој пат.“
Кампањата е дело на агенцијата Brothers & Sisters и има за цел да ја отелотвори „различноста, интегритетот, трудот и одлучноста“. Официјалниот хаштаг на кампањата е #IAmNotAfraid.