Англиската фудбалска Премиер Лига го објави својот нов ‘пошарен’ бренд идентитет изграден околу иконскиот лав, за иднина без корпоративен спонзор, прв пат по 23 години.
Новиот бренд идентит, создаден од DesignStudio заедно со Robin Brand Consultants, покажува како Премиер Лигата ќе изгледа со стартот на следната 2016/17 сезона во август.
Разбирлива е намерата на Премиер Лигата да изгради сопствен интернационален бренд без прикачено спонзорско име, како што се NFL и NBA, кои се нашироко познати и надвор од САД.
Дел од поедноставниот, пошарен дизјан е наменет да го направи брендот пофункционален и поатрактивен за смартфон апликации и платформите на социјалните мрежи. Стујарт ватсон, извршниот креативен директор на Design Studio, го води проектот од агенциската страна.
Иконата на лавовска глава ќе биде користена самостојно, како и заедно со “Premier League” насловот. Новите логоа се дизајнирани во повеќе бои, спротивно со претходната униформа на темно сино и бело.
Ребрендирањето е само првиот чекор во серијата потези на Премиер Лигата во потготовката за живот без корпоративен спонзор со почетокот на следната сезона.
Barclays, која го спонзорира натпреварувањето од 2004 година, не го обнови својот договор за претстоечката сезона, а Премиер Лигата не успеа да пронајде замена која, наводно, би требало да плаќа по 60 милиони фунти годишно.
Според шпекулациите, Diageo понудиле 40 милиони фунти по сезона, слична сума на договорот со Barclays. Пред Barclays, во периодот од 1993 до 2004 година, генерален спонзор на натпреварувањето беше Carling.
Премиер Лигата му даде задача на DesignStudio да создаде единствен, унифициран бренд базиран врз натпреварувањето и организацијата, “славејќи го она што е најдобро на и надвор од теренот.”
Лигата се консултираше со 20 фудбалски тимови-членки за својот нов бренд идентитет минатата недела.
Компанијата зад најголемото англиско фудбалско натпреварување ќе бара дополнителни пет категориски спонзори, покрај сегашните Nike (спонзор за топки) и EA Sports (партнер за спортска технологија). Најверојатно, новите спонзорски категории ќе вклучуваат пиво, финансиски услуги, автомобили и авиопревоз.
Ричард Мастерс, менаџерскиот директор на Премиер Лигата, изјави: “Од следната сезона ќе одиме без генерален спонзор и натпреварувањето ќе биде познато едноставно како Премиер Лигата, одлука која ни ја дава можноста да размислиме како сакаме да се претставиме себе си како организација и натпреварување.”
“Многу сме задоволни со исходот: визуелен идентитет кој е релевантен, модерен и флексибилен, и кој ќе ни помогне да го славиме секој кој го овозможува постоењето на Премиер Лигата. Повеќе детали за нашето ново позиционирање ќе споделиме во претстоечките месеци,” додаде тој.
Премиер Лигата е во потрага и по својата прва адвертајзинг агенција. Rainey Kelly Campbell Roalfe/Y&R и Adam & Eve/DDB се во ‘борба’ во последните фази од процесот. Портпаролот на Премиер Лигата изјави дека досега не е донесена одлука која агенција ќе биде назначена.