Брендот на кондиторски производи Suchard, дел од Mondelez International, објави анимирана Божиќна кампања за шпанскиот пазар која стана вистински хит меѓу публиката.
Спотот насловен “La vida es” („Животот е“) ги евоцира спомените на едно просечно семејство низ годините, фокусирајќи се на некои од клучните моменти како раѓањето деца, склучувањето бракови и заедничките празнични прослави.
„Создадовме приказна која се поврзува со потрошувачот и го возбудува, бидејќи е способна да ги активира Божиќните спомени што секој од нас ги складирал, предивикувајќи нѐ повторно да ги проживееме“ – вели Мигел Алонсо Ламамие, виш бренд менаџер во Suchard.
Рекламата веќе има собрано над 10 милиони прегледи на YouTube, кон што може да се додадат уште десетици милиони прегледи на други платформи како TikTok и Instagram.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Ogilvy Madrid.