Британскиот ланец на стоковни куќи Marks & Spencer лансираше не една, туку две нови празнични кампањи.
Првата има за цел промоција на нивниот оддел за прехрамбени производи. Во неа гледаме анимирано плишано прасе, маскотата на брендот, кое оживува со помош на една добра вила и малку Божиќна магија. Прасето не може да запре да се восхитува на вкусните производи кои ги нуди M&S.
Гласот на прасето е позајмен од страна на британскиот актер Том Холанд, а на вилата која го оживува – на актерката Дон Френч.
Во вториот спот, посветен на одделот за мода и проиводи за домот, гледаме жена чија обична, британска врнежлива вечер, се претвора во необичен Божиќен мјузикл.
Првата од кампањите е реализирана со помош на креативната агенција Grey London, додека пак втората – со агенцијата ODD.