Home » Во фокусот » Апликациите за деца на Google Play преполни со несоодветни реклами

Апликациите за деца на Google Play преполни со несоодветни реклами

Pop-up реклами со вознемирувачки визуелни елементи, реклами од кои децата тешко можат да излезат, игри кои нудат поени за гледање реклами …

Студијата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мичиген, која истражуваше 135 апликации за деца на сервисот Google Play, покажа дека во 95% од едукативните апликации за деца има барем еден тип на измамнично огласување кое ги крши правилата на американската Федерална комисија за трговија (FTC), објави Њујорк тајмс.

Студијата покажа дека од 135 тестирани апликации, 85 се класифицирани како “бесплатни”, но содржеле некаков облик на рекламирање, додека 88% од преостанатите 50 апликации кои се плаќаат, сеуште содржат реклами.

Меѓу видовите на реклами се pop-up рекламите со вознемирувачки визуелни елементи, реклами од кои децата тешко можат сами да излезат, како и игри кои нудат поени за гледање реклами и ништо од тоа не е соодветно означено.

Овие несоодветни реклами се појавуваат не само во апликациите од непознати програмери, туку исто така и во апликациите на големите брендови како Дизни, кои на пример, ги водат децата во дигитална продавница кога ќе кликнат на снешкото во играта “Авантурите на Олаф”.

Некои од највознемирувачките реклами кои биле прикажувани на децата се на пример, рекламите за лекување на биполарно растројство, прикажување на ликови кои плачат кога делови од апликацијата кои се плаќаат не се отклучени, како и постојани прекини со pop-up реклами.

Авторот на извештајот Jenny Radesky изјави: “Нашите резултати покажуваат дека пазарот на апликации за младите возрасти е див запад, каде што многу апликации се повеќе фокусирани на заработување пари отколку на детските игри. Причина за загриженост се и дигиталните разлики, бидејќи децата од семејства со ниски приходи имаат поголема веројатност да играат на бесплатни апликации кои се преполни со повеќе збунувачки реклами. “

Коалиција од 20 организации започна иницијатива за официјално испитување на овие “манипулативни, несоодветни и погрешни реклами во рамките на апликациите”, пишува TheDrum.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365