За време на својата овогодишна „светска конференција за девелопери WWDC 2022“, технолошкиот гигант Apple претстави унапредени оперативни системи, два нови лаптопи и нов процесор.
Новиот оперативен систем за персонални компјутери macOS Ventura доаѓа со повеќе подобрувања кои овозможуваат полесно поврзување со паметниот телефон iPhone. Исто така, пребарувачот Spotlight на macOS сега ќе може да се користи за пребарување на фотографии според мотивите кои се наоѓаат на нив. Дополнително, но можеби и највредно подобрување е новата функција за полесна манипулација со „прозорци“ именувана како Stage Manager.
На конференцијата, Apple исто така го претстави и новиот оперативен систем за паметни телефони iOS 16, новиот оперативен систем за таблети iPad OS 16, како и новиот оперативен систем за паметни часовници WatchOS 9.
Покрај софтверските новитети, Apple претстави и два нови лаптопи: MacBook Pro 13 и MacBook Air. Најголемата предност што ја носат двата лаптопи е новиот процесор M2, кој исто така беше претставен на конференцијата.
Снимката од целиот настан може да се проследи во продолжение: