Технолошкиот гигант Apple лансираше нова реклама во која ја истакнува функцијата на својот оперативен систем iOS за транспарентност и прилагодливост во собирањето и следењето на кориснички податоци од страна на инсталираните апликации.
Собирањето и следењето на кориснички податоци се случува онлајн и од страна на апликациите, при што тие податоци можат да се складираат, споделуваат, агрегираат и монетизираат. Според Apple, функцијата која ја нуди нивниот iOS им дава опција на корисниците да ги заштитат своите лични информации и приватноста.
Apple го илустрира собирањето на податоци од трети страни преку спот во кој гледаме како еден човек ја минува својата дневна рутина, но со секоја завршена работа, дополнителни луѓе почнуваат да го следат насекаде каде што тој оди. Дали е тоа во кафетерија, такси, адвокат, маркет – сé повеќе и повеќе бизниси почнуват да го следат за да ги собираат неговите кориснички податоци, па дури и дома.
Неможејќи повеќе да издржи, тој го вади својот паметен телефон iPhone и почнува да ги откажува дозволите за следење на неговиот уред, по што „луѓето“ кои го окружуваат, еден по еден, почнува да ги снемува.