Технолошкиот гигант Apple лансираше нова празнична реклама со цел промоција на малиот паметен звучник Homepod Mini кој неодамна излезе во продажба. Рекламата се фокусира на воздигнувачката моќ на музиката да нé расположи во секое време, а главниот лик која ја пренесува таа порака е американската раперка Тиера Вак.
Спотот отпочнува со сцена во која Вак осамено и тажно се движи низ градските улици, завтикувајќи се сé повеќе со својот шал како метафора за нејзиното затворање сама во себе. Меѓутоа, штом таа влезе во својот дом и дојде во допир со музиката која се слуша преку Homepod Mini, нејзиното расположение веднаш се менува.
Внесувајќи доза на надреализам, ваквата трансформација во расположението е реализирана со помош на алтер егото на Тиера Вак – нејзината ексцентрична мини-верзија која се појавува од позади звучникот и ја убедува да ја гледа светлата страна на животот.
Рекламата е пропратена со две песни од раперката – “Feel Good” и “Peppers and Onions”, кои соодветствуваат на двете различни расположенија.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA/Media Arts Lab и режисерот Calmatic од продукциската куќа Prettybird.