Home » Digital » Apple конечно доби дозвола за купување на Shazam

Apple конечно доби дозвола за купување на Shazam

Европската комисија му одобри на Applе да ја купи апликацијата за препознавање на песни Shazam, откако повеќемесечната истрага утврди дека тоа не ја загрозува конкуренцијата на стриминг пазарот.

Истрагата покажа дека Apple music и Shazam нудат комплементарни услуги и дека меѓусебно не се конкуренција.

Комисијата наведе дека спојувањето на Apple и Shazam нема да ги загрози другите провајдери на услуги за стриминг на музика.

Apple, кој има втор по големина сервис за стриминг на музика во Европа по Spotify, минатата година објави дека има намера да го купи Shazam. Постојат шпекулации дека Apple понудил 400 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365