Apple сака да знаете колку е лесно да се напушти досадниот, безбоен свет на Android уредите и лесно да се премине во енергичниот свет на iOS.
Во низа на нови видеа од 15 секунди, компанијата користи едноставна графичка рамка со поделена позадина (split-screen) каде што левата половина е сива, а десната половина е живописна, за да пренесе преку мини метафора за тоа колку е лесно да се префрлат музиката, фотографиите и контактите од другите уреди на iPhone.
Во еден од спотовите е веројатно најлесниоит клавир на светот, па така само една личност може да го протурка преку собата, заедно со пијанистот, со што Apple порачува колку е лесно да се пренесе вашата музика од другите уреди.
https://www.youtube.com/watch?v=99w8cdTcliA
https://www.youtube.com/watch?v=R-kbqiLxZwM
https://www.youtube.com/watch?v=8IKxOIbRVxs
https://www.youtube.com/watch?v=poxjtpArMGc