Американската технолошка компанија Apple падна од трето на четврто место на листата на најдобри светски производители на смартфони за второто тримесечје од 2019 година.
Сега се наоѓа зад Samsung, Huawei и Oppo, кинески бренд за паметни телефони кој е помалку познат на Запад.
Според официјалните податоци, Apple испорача 35,3 милиони ајфони во вториот квартал од 2019 година, освојувајќи 11% од пазарот на паметни телефони.
Компанијата Oppo испорача 36,2 милиони телефони, со што се најде на третото место на оваа листа.