Технолошкиот гигант Apple објави извинување за неодамна лансираната рекламата во која огромна хидраулична преса смачкува музички инструменти, уметнички материјали, книги и игри.
Рекламата објавена на 7 мај ги промовира новите iPad Pro таблети, а имаше за цел да создаде чувство за многуте можности што еден потенок уред може да им ги даде на корисниците, односно уред кој може да се употребува и за музика, читање, играње и создавање уметност.
Сепак, перцепцијата на јавноста не беше таква како што се надеваa од Apple. Мноштвото реакции беа негативни, со обвинувања дека брендот ги уништува симболите на човечката креативност и културни достигнувања.
Одговарајќи на критиките, потпретседателот за маркетинг комуникации на компанијата се извини што компанијата не го постигнала посакуваниот резултат и посочи дека рекламата повеќе нема да се емитува на телевизија.
Погледнете ја контроверзната реклама во продолжение: