Apple продолжува со доминацијата на листа на Forbes на највредни светски брендови откако веќе седма година по ред се смести на врвот, со вредност од 170 милијарди долари, што е зголемување од 10% од својата вкупна вредност во 2016 година.
Цврсто сместен на првото место, Apple е далеку пред своите најблиски предизвикувачи, па така Google е рангиран на второто место со 101.8 милијарди, иако јазот е донекаде намален бидејќи Google ја подобри својата позиција за 23% во однос на минатата година.
Познатите брендови Microsoft (87 милијарди долари); Facebook (73.5 милијарди долари) и Coca-Cola (56.4 милијарди долари), се најдоа помеѓу првите пет.
Вкупната вредност на брендовите на овогодинешната листа е близу два билиони долари, односно 1.95 билиони USD, а најголемите ѕвезди во подем забележаа двоцифрен раст во однос на претходната година; имено Amazon (54%), Facebook (40%), Starbucks (24%), Google (23%) и Adobe (18%).
Вестите не се добри за сите оние брендови кои редовно се појавуваат на листата, па оваа година некои од големите играчи како што се Volkswagen, Thomson Reuters и Canon потполно исчезнаа од неа.