Home » Во фокусот » Apple уште една година по ред на врвот на листата на Forbes на највредни брендови

Apple уште една година по ред на врвот на листата на Forbes на највредни брендови

Apple продолжува со доминацијата на листа на Forbes на највредни светски брендови откако веќе седма година по ред се смести на врвот, со вредност од 170 милијарди долари, што е зголемување од 10% од својата вкупна вредност во 2016 година.

Цврсто сместен на првото место, Apple е далеку пред своите најблиски предизвикувачи, па така Google е рангиран на второто место со 101.8 милијарди, иако јазот е донекаде намален бидејќи Google ја подобри својата позиција за 23% во однос на минатата година.

Познатите брендови Microsoft (87 милијарди долари); Facebook (73.5 милијарди долари) и Coca-Cola (56.4 милијарди долари), се најдоа помеѓу првите пет.

Вкупната вредност на брендовите на овогодинешната листа е близу два билиони долари, односно 1.95 билиони USD, а најголемите ѕвезди во подем забележаа двоцифрен раст во однос на претходната година; имено Amazon (54%), Facebook (40%), Starbucks (24%), Google (23%) и Adobe (18%).

Вестите не се добри за сите оние брендови кои редовно се појавуваат на листата, па оваа година некои од големите играчи како што се Volkswagen, Thomson Reuters и Canon потполно исчезнаа од неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365