Home » Во фокусот » Apple воведува промени во својот маркетинг, со фокус на дигиталните и регионалните кампањи

Apple воведува промени во својот маркетинг, со фокус на дигиталните и регионалните кампањи

Apple го реструктуира својот однос со агенцијата TBWA\Media Arts Lab, и се фокусира повеќе кон  создавање на регионални и дигитални кампањи , а помалку на “преведување“, односно локализирање на големите бренд кампањите за глобалните пазари.

Според  AdWeek, во изминатите неколку години, Apple работата на глобалните кампањи се` повеќе  ја ставаше под свој покрив, односно со помош на регионалните тимови на агенцијата во Лондон и Токио на пример, работеле на тоа да ја преведат идејата на глобалната кампања како би одговарала на локалната публика.

Сега компанијата сака регионалните тимови да се фокусираат кон создавање на оригинални кампањи за дигиталните и социјалните канали за пазарите во кои работаат.

Овај потег исто така донесува реорганизација во агенцијата на компанијата , TBWA/Media Arts Lab. „Тие во реорганизацијата воведуваат нов оперативен модел како би биле во чекор со начинот на којшто луѓето ги конзумираат медиумите и содржината“, изјави портпаролот на агенцијата за Adweek.

„Тоа ќе доведе до намалување во областа како што е локализацијата и до понатамошни вложувања во подрачјата како што се дигитал, социјални мрежи, аналитика на податоци, креирање на содржина и разновиден збир на стратешки вештини“.

AdWeek тврди дека оваа рационализација на глобалните маркетиншки напори на компанијата е поврзана со намалувањето на буџетот за маркетинг, а резултатот од тоа е и намалување на бројот на вработени во седиштето на агенцијата TBWA\Media Arts Lab во Лос Анџелес и во другите канцеларии ширум светот.

Се претпоставува дека тоа најмногу го погоди одделот за превод и локализација во Media Arts Lab мрежата, но со овај потег, исто така дојде и до дополнителни вработувања во полето на дигитал и социјалните медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365