Атлантик група на овогодинешниот фестивал за медиски комуникации SEMPL во Порторож, се претстави со иновативен концепт и инсталација која предизвика голем интерес од медиската и стручната јавност.
Под слоганот “Creative to creative“ креативците и медиските експерти од регионот во текот на целиот ден, едни на други имаа можност да си поставуваат креативни предизивици на “Зидот за идеи“, како и да понудат креативни решенија на различните прашања и предизивици.
Како да го бакнеш некого, а да не го допреш? Како да работам помалци, а да заработувам повеќе? Што да направам за луѓето да ме сакаат повеќе? Како да се патува по светот ако имаш работа од 9 до 5? …..се само дел од темите и прашањата кои предизивикаа многу коментари и беа повод за креативна пауза со добро познатите брендови Bananica, Chipsos, Smoki и Barcaffe.
Најинтересните прашања и одговори можете да ги погледнете на инстаграм #creativetocreative.
Покрај креативните разговори, инсталацијата привлекуваше внимание и со својот единствен изглед, кој е дело на агенцијата од Белград – Whole in one communications, како и рачно отсликаните детали, насликаната софа која претставуваше “инсталација во инсталацијата“ и fancy облечените промотерки со рачно насликани кошули.