После повеќе од еден век употреба на имиџ кој од многумина беше оценет како расистички, популарниот американски бренд за палачинки порано познат како Aunt Jemima го откри својот нов идентитет со кој се надева дека ќе го исправи своето минато.
Брендот, во сопственост на PepsiCo, уште минатото лето соопшти дека го повлекува името и сликата на Aunt Jemima, а пред неколку денови објави дека новиот идентитет ќе биде изграден околу името Pearl Milling Company.
Логото на новиот бренд ќе прикажува стара воденица за мелење брашно, укажувајќи на корените на компанијата во градот Свети Јозеф во американската сојузна држава Мисури. Покрај воденицата, логото ќе биде придружено и со текстот „since 1899“, потврдувајќи ја долгата традиција на иконичниот рецепт за палачинки.
Боите на новиот бренд Pearl Milling Company ќе продолжат да бидат препознатливите црвена, жолта и бела, наследувајќи ги од Aunt Jemima.
Заедно со откривањето на новиот бренд идентитет, беше соопштено дека Pearl Milling Company ќе вложи 1 милион долари за еманципацијата на афро-американските жени. Матичната компанија PepsiCo досега вложиле преку 400 милиони долари со цел поддршка на афро-американските бизниси и заедници, како и за зголемување на афро-американската застапеност во компанијата.
Промената на рафтовите помеѓу производите на Aunt Jemima и Pearl Milling Company треба да се случи во јуни 2021 година.