На нашиот пазар неодамна се појави нов стартап кој лансираше автентичен македонски производ. Што би рекле повозрасните: “по автентичен здравје“, имајќи го во предвид фактот дека главен инпут е висококвалитетната македонска жолта ракија :)
Станува збор за нова македонска пијачка, со име и презиме: “Балкан Чил“. Во пијачката какво главна состојка се јавува висококвалитетна македонска ракија, во комбинација со минерална вода и овошен вкус што дава специфичен вкус. Миксот од ракија може да го пробате во три варијанти – со праска, лимон и јаболко и да си го одберете вашиот фаворит.
Креаторите на „Балкан Чил“ (https://www.balkanchill.com/) велат дека идејата за да го направат овој уникатен пијалок ја добиле на домашен ручек, пиејќи жолта ракија, а на трпезата имало и овошен сок и минерална вода. Тогаш им дошол „еурека“ моментот, да ги измешаат сите три состојки заедно и добиле вкусна пијачка која по кратко време решиле да ја патентираат и да ја пласираат на Македонскиот пазар.
После две години заклучување на правата рецептура, креирање на бизнис план, барање на инвеститори и наоѓање на правите луѓе за соработка, „Балкан Чил“ се роди и ја имаше првата промоција во Скопје почеток на Февруари оваа година. Од тогаш оваа пијачка континуирано расте и се шири низ локалите и продавниците низ Македонија со голем потенцијал и за соседните држави до крајот на оваа година.
Позади овој македонски пијалок стои Кристина Руланд, која пред околу две години со својот сопруг почнаа да ја развиваат идеата за Балкан Чил: “Почетоците на Балкан Чил беа најтешки бидејќи ни јас ни мојот сопруг немавме некое големо искуство во алкохолната/ производствена индустрија и предизвикавме шок кај нашите најблиски кога им кажавме дека сакаме да го направиме првиот пијалок во Македонија во кој што како главна состојка ќе се јави ракијата помешана со овошен сок и газирана вода.
Од почетокот, скоро сите скептично ни велеја дека ракијата не смее да се меша со ништо туку се пие чиста, меѓутоа вербата и пасијата во нашата идеја да создадеме нов, возбудлив и уникатен производ придонесе да почнеме со реализација на нашата замисла. Во меѓувреме, продолживме со усовршувањето на рецептурата на пијалокот и тестирање на крајните резултати со нашите најблиски и поширок круг на пријатели.“
Од почетокот, скоро сите скептично ни велеја дека ракијата не смее да се меша со ништо туку се пие чиста, меѓутоа вербата и пасијата во нашата идеја да создадеме нов, возбудлив и уникатен производ придонесе да почнеме со реализација на нашата замисла. Во меѓувреме, продолживме со усовршувањето на рецептурата на пијалокот и тестирање на крајните резултати со нашите најблиски и поширок круг на пријатели.“
За лансирањето на Балкан Чил, голема улога имаа и вистинските “ангел инвеститори“ кој ја препознаа оваа идеја и несебично ја подржаа од самиот старт: “Барањето на правите инвеститори беше вториот голем чекор за Балкан Чил, односно наоѓање луѓе што ќе инвестираат во нашата идеја но и ќе те подржат на самите почетоци е најтешко. На почетокот имавме одредена цел, сакавме луѓе кои всушност би можеле да ни помогнат во натамошниот раст на пијалокот од секој аспект како маркетинг, логистика и самиот процес на производство. После 4 месеци ја најдовме правата група на луѓе кои подеднакво ја делат нашата пасија кон пијалокот, и кои ни помогнаа да стигнеме таму кадешто сме денес.“ – вели Кристина и надополнува: “Во самиот тим покрај одделението за продажба, ја додадовме и Симона која е еден од клучните членови од нашата “Балкан Чил” фамилија и која има огромен придонес во работата на формирање на нашиот бренд и самата маркетинг стратегија на производот. Истотака блиску соработуваме и со локални надворешни соработници од правниот и сметководствен сектор.“
Компанијата официјално беше отворена во Јули 2016 со тоа што беа потребни околу 6 месеци за да се пронајде правиот партнер за производство што беше истотака доста важен чекор и секако после тоа да се добијат сите дозволи потребни за производство на пијалокот што ни овозможи да го пласираме производот со првата промоција во Февруари годинава. По само 5 месеци од пласирање на производот на пазарот продажбата на пијалокот оди само по нагорна линија низ целата територијата на Македонија, а како што велат основачите веќе има заинтересираност за извоз и од соседните држави.