Кризната ситуација поврзана со мерките преземени заради спречување на ширењето на пандемијата со Коронавирусот, донесоа економски предизвици и главоболки за многу компании од многу различни индустрии.
Една од тие индустрии што сериозно е погодена секако е и Автомобилската. Во Македонија и светот се затвораат (привремено) многу погони кои ја опслужуваат автомобилската индустрија бидејќи најголемите светски авто концерни го стопирале производството или се соочуваат со огромен проблем во однос на планираната продажба. Најголемиот дел од продажните салони речиси и да не работат воопшто.
Кога станува збор за европскиот пазар, исклучително погоден е Францускиот, каде естимациите се движат до вртоглав пад од 72% за месец март. Бројот на купувачи после 16 март речиси и да не постои а како резултат на тоа производството целосно се стопираше.
Според Аутовајс, компанија со лиценца за пристап до системот за регистрација на возила при Министерството за внатрешни работи на Франција, помеѓу 18 и 30 март – за време на мерките за ограничени движења – бројот на регистрациите паднал за 94 отсто ако се спореди со истиот период од 2019 година.
Во текот на еден поширок период, во првиот квартал се забележува пад од 34 отсто. И, вториот квартал се чини дека е на добар пат да постигне негативен рекорд со приближно иста големина. Од кризата се погодени сите производители без исклучок. Почнувајќи од француските ПСА (Пежо, Цитроен, ДС, Опел) со – 73,4 отсто, групата Рено (- 71,6 отсто), со Дачија и Алпин, групата Фолксваген (Ауди, Шкода, Сеат, Порше) падна за 78,9 отсто во март. БМВ (Мини) и Дајмлер (Мерцедес) паднаа за 61,8 отсто и 73,8 отсто, соодветно. Групата Хјундаи (Киа) доживеа нешто помалку катастрофална судбина (-55,1 отсто), како и Тојота (-57,9отсто). Другите главни играчи на пазарот, Форд (- 80,1 отсто), Фиат Крајслер (- 82,5 отсто), Нисан (- 75,2 отсто)….