Часовникот отчукува,а времето за пријавување во BalCannes станува сè пократко. Знаеме дека доцните, па лавовите ќе ве почекаат уште малку!
Секогаш ви треба уште малку време, а ви требаат и лавови, па организаторите одлучија да ве послушаат и да ги продолжат пријавите до 10 септември, за да можете да ги завршите своите проекти и да се пофалите со нив пред целиот регион. Затоа што ова издание на BalCannes навистина не треба да го пропуштите.
Пријавите се бесплатни, со симболичен надоместок само за 25-те најдобри проекти, а ве чека и посебен трофеј – извонредна награда во извонредни околности New Normal. Можеби ќе ви биде доделена токму вас на онлајн ревијата и прогласувањето на добитниците која што сите ќе можат да ја следат од првите редови – во опуштено домашно издание.
Апликациите се значително поедноставени – само пополнете ја едноставната форма и приложете кратко видео (на мајчин или англиски јазик, со или без преводи) што можеби веќе сте го подготвиле за проектот.
Сè уште не сте се пријавиле? А комуникациската џунгла е ваш терен? Аплицирајте, освојте лав и нови деловни можности!
Повеќе информации на www.balcannes.com.