Пред некој месец, луксузниот моден бренд Off-White соопшти дека ќе почне да прифаќа плаќање во приптовалути, а малку подоцна слична одлука донесе и Gucci. Сега, по нивните стапки тргна и Balenciaga.
Шпанскиот моден бренд првично ќе започне да прифаќа биткоин и други криптовалути во своите главни продавници во САД – онаа на Madison Avenue во Њујорк и на Rodeo Drive во Беверли Хилс, Лос Анџелес.
Но, брендот нема да застане тука. Од Balenciaga додаваат дека алтернативниот метод за плаќање наскоро ќе стане достапен и во други региони во светот, како и на својата онлајн платформа за е-трговија, иако компанијата сé уште бара технолошки партнер за реализацијата на овие платежни опции.
И покрај скорешните флуктуации во вредноста на многу криптовалути, се чини дека брендот не изгледа премногу загрижен. Од таму велат дека подемите и падовите „не се ништо ново“ и дека компанијата има долгорочен пристап кон виртуелните средства.