Со цел промоција на своите нови патики “Paris”, луксузниот моден бренд Balenciaga лансираша кампања во која прикажува како тие би изгледале после носење „цел живот“.
Преку прикажувањето на искинати, изџвакани и извалкани парови од патиките, Balenciaga сака да ја нагласи нивната истрајност, но и да ги истакне своите заложби за оджливост: кога другите патики во оваа состојба се фрлаат, патиките на Balenciaga стануваат статусен симбол на истрајност!
Рекламите на Balenciaga првично предизвикаа реакции од јавноста која избрза со заклучоците, сметајќи дека брендот продава вакви искинати патики по високата цена од 625 долари.
Но, и Balenciaga е далеку од бренд кој не сака доза на контроверзија. Па, за да го „вози филмот“, Balenciaga одлучи навистина да продаде 100 ексклузивни парови на искинати патики по иста цена како новите парови – 625 долари.
Оригиналната, чиста верзија на патиките е веќе лансирана за продажба во Европа, а во САД и на Блискиот Исток ќе биде достапна од 16 мај, во Јапонија од 23 мај и потоа низ целиот свет.